Доха: Втор ден од посетата на претседателот Црвенковски на Катар

На вториот ден од посетата на претседателот Бранко Црвенковски во Доха, во Катар, предвидено е да ги посети Катарската фондација за образование, наука и општествен развој, стопанската комора на земјата и тамошната инвестициска агенција. Вчера претседателот Црвенковски се сретна со емирот Хамад бин Калифа ал Тани, кому му ги посочил областите во кои двете земји би можеле да остварат брза и ефективна економска соработка.