Бејрут: Либанскиот премиер повикува на смирување по уличните насилства

Либанскиот премиер Фуад Синиора повика на смирување на ситуацијата и прогласи ден на жалост откако осум луѓе биле убиени, а скоро триесетина ранети во уличните насилства во Бејрут. Протестот поради се почестите прекини на снабдувањето со струја излезе од контрола кога армијата интервенирала при што убила еден член на шиитската милитантна организација Хезболах.