Катар: Претседателот Бранко Црвенковски ја почнува посетата на Катар

Претседателот Бранко Црвенковски од денеска до 29 јануари ќе престојува во официјална посета на Катар на покана од емирот на оваа држава Хамад бин Халифа ал-Тани. Главна тема на разговорите во текот на посетата ќе бидат економските односи и можностите за зајакнување на соработката во стопанството.