Москва: Руската изборна комисија ја отфрли кандидатурата на Михаил Касјанов

Руската Централна Изборна Комисија регистрираше четворица кандидати за претседателските избори на 2-ри март. Комисијата ја отфрли кандидатурата на опозициониот лидер и критичар на Кремљ Михаил Касјанов, утврдувајќи дека дел од потписите за негова номинација биле фалсфикувани. Централната Комисија ги прифати кандидатурите на фаворитот на Кремљ Димитриј Медведев, кандидатот на комунистите Генадиј Зјуганов, на либерално-демократската партија Владимир Жириновски и кандидатот на демократската партија Андреј Богданов.