Колумбија: На партиските избори во Јужна Каролина победи Барак Обама

На изборите на Демократската партија за американски претседателски кандидат што се одржаа во државата Јужна Каролина, победи кандидатот Барак Обама. Тој освои 55% од гласовите, а на второ место со 27 отсто освоени гласови е Хилари Клинтон. По победата во државата Ајова на стартот од партиските избори, ова е втора и пресудна победа за Барак Обама, по двата порази во државите Њу Хемпшир и Невада од Хилари Клинтон.