Џакарта: Почина поранешниот индонезиски диктатор Сухарто

Поранешниот индонезиски претседател Сухарто, кој владееше со земјата 32 години, почина во 86-та година од животот во болница во Џакарта. Здравствената состојба на Сухарто беше критична и пред три недели тој беше хоспитализиран, поради проблеми со срцето и белите дробови. Поранешниот диктатор Сухарто, беше симнат од власт во 1998 година после про-демократските протести и масовните немири ширум земјата.