Техеран: Иран го доби седмиот од осумте планирани контингенти нуклеарно гориво

Иран денеска го доби 7-миот од 8-те планирани контингенти нуклеарно гориво од Русија за нуклеарната централа Бушер. Техеран соопшти дека првиот нуклеарен реактор во Бушер ќе почне да работи кон средината на оваа година. Во меѓувреме, иранскиот шеф на дипломатијата Манучер Мотаки, побара од Обединетите Нации да ги поправат своите грешки и да не се мешаат во иранската нуклеарна програма. 5-те постојани членки на Советот за безбедност се се поблиску до договор за нов пакест санкции против Иран.