Давос: Блер изрази убеденост дека Израелците и Палестинците сакаат мир

Меѓународниот пратеник за Блискиот Исток, Тони Блер, денеска во Давос изрази убеденост дека израелците и палестинците сакаат мир и оти до крајот на годинава би можело да дојде до мировен договор. Она што е сега потребно, додаде Блер, е да се подобри безбедносната ситуација за израелците и да се оконча окупацијата и блокадата за палестинците.