Љубљана: Завршува посетата на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун со денешните разговори со државниот врв во Љубљана, ја завршува посетата на Словенија. На синоќешната прес конференција, Бан Ки Мун оцени дека сегашниот статус на Косово е неодржлив, бидејки, како што рече, ако продолжи застојот, може да се случи ситуацијата на теренот да почне да се развива во несакан правец.