Кенија: Опозицијата ги одложи закажаните протести

Опозицијата во Кенија ги одложи за денеска закажаните протести, откако поранешниот генерален секретар на Обединетите Нации Кофи Анан ги повика на воздржаност. Анан пристигна во Кенија во вторникот и имаше средба со лидерот на опозицијата Раила Одинга, а денеска ќе разговара и со претседателот Мваи Кибаки. Нередите во Кенија започнаа по претседателските избори кои, според опозицијата, биле нерегуларни, и досега загинаа над 650 лица.