Кабул: Карзаи предупреди на опасноста од ширењето на тероризмот и насилството

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи предупреди на опасноста од ширењето на тероризмот и насилствата на авганистанско – пакистанската граница. Во обраќањето на Светскиот економски форум во Давос, Карзаи ги повика владите во регионот да престанат со екстремистичката политика за остварување на споствените интереси и да превземат мерки против регрутирањето милитанти и нивното финансисрање.