Виена: Словенечкиот шеф на дипломатијата денеска во посета на ОБСЕ

Словенечкиот министер за надворешни работи Димитриј Рупел денеска ќе престојува во еднодневна посета на Виена, во рамките на која на Постојаниот совет на ОБСЕ ќе му ги изнесе приоритетите на претседателството на Словенија со Европската унија-јавуваат агнециите. Една од главните теми на разговорот со претставниците на земјите-членки на ОБСЕ, како и со шефот на австриската дипломатија Урсула Пласник ќе биде косовското прашање. Покрај на тоа Рупел ќе се осврне и на Лисабонскиот договор и судирот меѓу Русија и Западот околу Спогодбата за конвенционалните сили во Европа.