Брисел: Хавиер Солана го поздравил прогресот во реформите

Високиот претсваник за безбедносна и надворешна политика на Европската унија Хавиер Солана вчера на средбата во Брисел како што изјави премиерот Никола Груевски го поздравил прогресот во децентрализацијата, реформите во судскиот систем, економскиот прогрес, имплементацијата на Охридскиот договор, борбата против корупцијата и криминалот. Солана побарал и да продолжат реформите со што ќе се продлабочи соработката на земјава со Европската Унија. Како што јави МИА евродипломатот на Груевски на средбата му дал и неофицијален документ со пакет предуслови кои треба да се исполнат за да почнат преговорите за членство во Унијата.