Брисел: Владина делегација на состанокот на Северноатлантскиот совет

Македонскиот премиер Никола Груевски, кој денеска заедно со министрите за надворешни работи и за одбрана Антонио Милошоски и Лазар Еленовски во Брисел ќе присуствува на состанокот на Северноатланскиот совет, под претседателство на Јаап де Хоп Схефер, ќе ги презентира реформите што Република Македонија ги имплементира во пресрет на априлскиот Самит на НАТО во Букурешт. Станува збор за последен настан пред Самитот и со ова ја заокружуваме една од главните фази на нашата кандидатура за членство во НАТО. Ќе ја презентираме сеопфатната реформа која се врши во сите области - одбранбениот, политичкиот, економскиот сектор, правосудството, имлементацијата на Рамковниот договор, изјави вчера владиниот портпарол Ивица Боцевски.