Техеран: Русија доставила повеќе од половина од нуклеарното гориво за нуклеарната централа Бушер

Русија досега доставила повеќе од половина од нуклераното гориво за нуклераната централа Бушер во Иран, откако денеска пристигна и четвртта пратка, јавува иранската агенција Ирна. Министерот за надворешни работи на Иран Манучер Мотаки изјавил дека нуклеарната централа Бушер која ја градеше Русија ќе започне со работа во текот на летото, најпрво со половина од својот капацитет.