Москва: Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје во превентивни напади

Шефот на рускиот генералштаб генерал Јуриј Балаевски изјави дека Москва го задржува правото да користи нуклеарно оружје во превентивни напади во случај на голема закана. Балаевски рече дека Москва не се заканува никому, но и дека на светот треба да му биде јасно оти Русија ќе го брани својот територијален интегритет и суверенитет.