Пекинг: Кина го повика Иран да ги обнови преговорите со меѓународната заедница

Кина го повика Иран да ги обнови преговорите со меѓународната заедница за надминување на проблемот со нуклеарната програма на Техеран. Кинескиот министер за надворешни работи Јанг Џеи чи во разговорот со иранскиот преговарач Саед Џалили, истакнал дека иранското нуклеарно прашање сега е во клучен момент. Џалили побарал од Пекинг да спречи евентуална нова резолуција на Советот за безбедност на Обединетите Нации против Иран.