Техеран: Буш испрати порака на конфронтација, оценка на Ахмадинеџад

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат изјави дека американскиот претседател Џорџ Буш испратил порака на конфронтација за време на неговата посета на Блискиот Исток. Буш побара опдршка од арапските земји против Иран, оценувајки дека таа земја е најолем спонзор на тероризмот. Ахмадинеџат, во интервју за телевизијата Ал Џезеира оцени дека таквите изјави на Буш биле за домашни политички потреби.