Белград: Спогодбата и мисија на ЕУ на Косово не одат заедно, вели Коштуница

Српскиот премиер Воислав Коштуница денеска ја повика Европската Унија да се откаже, од како што наведе, противправното испраќање своја мисија на Косово и да не го нарушува територијалниот интегритет на Србија. ,,Сигурно дека на дваесет и осми јануари или ќе биде потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Србија или Унијата ќе донесе одлука за испраќање мисија. Едното со другото не одат заедно. Брисел треба да избере,, вели премиерот Коштуница.