Њујорк: САД ќе го признаат Косово по прогласувањето на независноста, пишува Њујорк Тајмс

Соединетите Држави и Германија се договориле, по прогласувањето на независноста, да го признаат Косово и потоа да ги повикаат и другите европски држави да ја следат нивната одлука, тврди денеска Њујорк тајмс. Цитирајќи неименувани европски функционери, весникот наведува дека таквата одлука во неодамнешниот телефонски разговор ја донесле американскиот пртседател Џорџ Буш и германската канцеларка Англеа Меркел, нагласувајќи дека таквиот потег ќе биде повлечен за да се стабилизира Западниот Балкан.