Техеран: Мухамед ел Барадеј на разговори за нуклеарната програма

Шефот на Меѓународната Агенција за Атомска енергија Мухамед ел Барадеј денеска е во Техеран на разговори за контроверзната иранска нуклеарна програма. Според иранските медиуми Ел Барадеј, со властите во Техеран разговара за преостанатите прашања на Агенцијата за иранските мирољубиви нуклеарни активности.