Скопје: Отворање на понудите за 3Г

Во Агенцијата за електронски комуникации денеска ќе бидат отворени понудите од јавниот тендер за доделување на едно одобрение за користење на радиофреквенции за обезбедување на јавни мобилни комуникациски мрежи. Денеска исто така ќе бидат отворени и понудите од меѓународниот јавен оглас за давање концесија за вода за производство на електрична енергија од 28-те мали хидроцентрали.