Скопје: За денеска најавен штрајк на таксистите

Таксистите од регионалната комора за денеска најавија штрајк. Тие ке го блокираат градското собрание и околните улици од 10 до 15 часот. Ќе штрајкуваат се додека градот не ги исполни нивните барања. Тие бараат да се повлечат измените во одлуката за такси превоз која предвидува унификација на возилата, воведување на нокна тарифа фискализација. Единаесет такси здруженија, членови на Стопанската комора на Македонија, нема да го поддржуваат утрешниот штрајк на нивните колеги. Групацијата на авто-такси превозници при Стопанската комора на Македонија не го поддржува штрајкот што за денеска го закажаа таксистите, наводно членови на регионално такси здружение. Според нив нема потреба од штрајкување зашто досега, речиси сите барања на таксистите се исполнети.