Тбилиси: Михаел Саакашвили победник на претседателските избори во Грузија

Грузиската централна изборна комисија соопшти дека победник на претседателските избори е Михаел Саакашвили, со освоени над 52 насто, што значи дека и дефинитивно нема да има втор круг. Опозицијата не ги признава резултатите и се заканува со масовни протести доколку властите не признаат дека треба да има и втор круг од претседателските избори.