Лион: Министерката Јанкуловска во посета на Интерпол

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ќе престојува во генералниот секретаријат на Интерпол во Лион каде што ќе се сретне со генералниот секретар Роберт Нобл и со извршниот директор на интерполовиот полициски сервис Жан Мишел Лоботин. На средбите ќе бидат презентирани новите инцијативи и проекти што во рамките на Интерпол се развиваат, особено на полето на размената на полициски информации, нивно аналитичко и документаристичко обработување и чување, како и ефикасна и брза достапност до нив, како клучни во полициското работење.