Скопје: Средба на големите потрошувачи на електрична енергија со Владата

Премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески денеска ќе се сретнат со претставници на компаниите големи потрошувачи на електрична енергија, кои треба да се изјаснат дали им одговара цената од 75 евра за мегаватчас што им ја понуди Владата. Струјата ќе биде обезбедена од вишоците на ЕЛЕМ и со вклучување во работа на ТЕЦ Неготино. Од 1 овој месец големите потрошувачи електричната енергија ја набавуваат на слободниот пазар, а МЕПСО доставува енергија само за домаќинставата и малите потрошувачи. Од деветте големи потрошувачи само Силмак досега нема склучено договор за набавка на струја на слободниот пазар. МЕПСО во четвртокот го исклучи Силмак од електромрежата, бидејќи веќе нема обврска да ги снабдува големите потрошувачи.