Скопје: Министерот за одбрана Еленовски во посета на Ирак и Авганистан

Министерот за одбрана Лазар Еленовски, по повод новогодишните и божиќните празници, од денеска до 13 јануари ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија кои учествуваат во меѓународните мировни мисии во Авганистан и во Ирак. Македонските мировници од министерот Еленовски ќе добијат пригодни подароци како благодарност за нивните постигнувања и придонесот за Република Македонија да стане полноправна членка на НАТО Алијансата, информира Министерството за одбрана.