Хаг: Продолжи судењето против екс либерискиот претседател Чарлс Тејлор

Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг денеска, по шест месечно одлагање, го продолжи судењето против поранешниот либериски претседател Чарлс Тејлор. Тој е обвинет за воени злосторства за време на војната во соседната Сиера Леоне од деведесет и првата до две илјади и втората година. Тејлор, како што се додава, ја имал контролата врз бунтовничките сили во Сиреа Леоне со цел да ги освои наоѓалиштата на дијаманти во таа земја.