Њу Хемпшир: Барак Обама има предност пред Хилари Клинтон

Американскиот сенатор Барак Обама и пред утрешното прелиминарно изјаснување во Њу Хемпшир има предност пред сенаторката Хилари Клинтон во трката на Демократската партија за номинација за кандидат за иден американски претседател. Обама победи и во претходното такво гласање во Ајова во минатата недела. Според анкетите пред утрешното изјаснување во Њу Хемпшир, кај Републиканците води сенаторот Џон Меккејн.