Кенија: ОН загрижени од фактот што илјадници луѓе биле принудени на ги напуштат домовите

Обединетите Нации изразија загриженост од фактот што илјадници луѓе во Кенија биле принудени да ги напуштат своите домови поради насилствата предизвикани по претседателските избори. Се проценува дека околу 250 илјади луѓе се расселени, а на најмалку 100 илјади им е потребна итна помош од храна и вода. Опозицијата и натаму бара поништување на изборите од 27-ми декември на кои, според официјалните резултати, победи актуелниот претседател Мваи Кибаки.