Тбилиси: Денеска предвремени претседателски избори

Во Грузија денеска се одржуваат предвремени претседателски избори. Најсериозни кандидати за победа се актуелниот претседател Михаел Саакашвили и опозициониот лидер Леван Гачечиладзе. Предвремените избори ги распиша Саакашвили откако во ноември полицијата насилно ги растера ант-владините демонстранти и беше воведена вонредна состојба во земјата. Претставник на посматрачката мисија на ОБСЕ изјави дека доколку изборите бидат фер и регуларни, ќе се покаже и решеноста на грузиската влада за демократизација на земјата.