Вашингтон: Рајс и Калфин се заложиле за решавање на предизвиците на Балканот

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс и шефот на бугарската дипломатија Ивајло Калфин, по разговорите во Вашингтон, изјавиле дека ќе се заложат за решавање на предизвиците на Балканот, вклучувајки го и статусот на Косово. Како главни предизвици, Рајс ги навела проширувањето на НАТО на наредниот самит во Букурешт, статусот на Косово, со цел Балканот да се направи побезбеден, попросперитетен и подемократски.