Ерусалим: Нов воздушен напад на израелските сили врз појасот Газа

Израелските сили денеска извршиле нов воздушен напад врз Појасот Газа при што загинале двајца палестинци. Со тоа бројот на загинатите во израелските напади изведени во последниве дваесет и четири часа, како што јавуваат агенциите, изнесува единаесет палестинци. Израел тврди дека станува збор за милитанти кои вршеле ракетни напади врз израелска територија.