Гана: Двајца морнари на американската морнарица пронајдени мртви

Двајца морнари од американската воена морнарица се пронајдени мртви во хотелска соба во Гана . Морнарите во западно африканската држава биле пуштени на отсуство. Причините за нивната смрт како што изјавуваат од воената морнарица сеуште се непознати. Властите во Гана веднаш покренаа истрага за случајот и велат дека ќе соработуваат со американските претставници во неговото разрешување.