Скопје: Две лица повредени од заскитан куршум

Министерството за внатрешни работи соопшти дека новогодишната ноќ во Македонија поминала мирно и без позначајни нарушувања на јавниот ред и мир. Позабележителен инцидент МВР регистрирало за две лица во Скопје кои биле повредени од заскинати куршуми. Лекарска помош им била укажана во Градската болница. Едното лице повредено во дланка по укажаната медицинска помош е пуштено на домашно лекување, а второто повредено во нога е на лекување во болницата.