Скопје: Скопјани со Калиопи и спектакуларен огномет во Новата 2008

Голем број жители на Македонија највеселната ноќ ја поминаа на градските плоштади. Скопјани на плоштадот „Македонија“ ги забавуваа Калиопи и групите „Синтезис“ и „Суперхикс“, а на полноќ имаше спектакуларен огномет. И оваа година како и лани, првото новороденче е девојче кое се роди една минута по полноќ на Клиничкиот центар во Скопје. Бебето е родено со тежина од 3.190 грама и должина од 48 сантиметри. Мајката е Билјана Лазаревска (1979) од Скопје. Град Скопје точно напладне ќе и подари штедна книшка со 30.000 денари.