Багдад: Годишнина од егзекуцијата на Садам Хусеин

Денеска се одбележува една година од егзекуцијата на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин. Полицијата распореди дополнителни сили во земјата за да се спречи евентуално насилство. Ирачкиот Специјален суд за злосторства против човештвото му изрече смртна казна на Садам Хусеин поради учество во геноцидот врз околу 140 шиитски цивили во 1982 година, по што на 30 декември 2006 година тој беше обесен. Снимката на која беше прикажана егзекуцијата на Хусеин предизвика контроверзни расправи во светот поради начинот на неговото погубување.