Москва: Русија демантира дека планира да му продаде ракетен систем на Иран

Русија демантира дека на Ирaн планира да му продаде напредни С – 300 анти ракетни системи. Тоа воопшто не било разгледувано, соопшти Москва. Претходно иранскиот министер за одбрана Мустафа Наџар изјави дека Русија се согласила да им продаде ваков систем кој значително би ја подобрил иранската способност да одговори на евентуален напад.