Анкара: Убиени 13 припадници на Работничката партија на Курдите

Тринаесет лица, меѓу кои и две жени, осомничени за припадност во илегалната Работничка партија на Курдите (ПКК) убиени се во операција спроведена од турската војска во градот Сирнак, југоисточна Турција. Анкара соопшти дека цел на операцијата била да се уништат упориштата на ПКК, чии што припадници напаѓаат цивилни и воени мети на територијата на Турција.