Бангкок: На изборите во Тајван победа на сојузничката партија на поранешниот премиер

Според првичните резултати на парламентарните избори одржани во Талјанд, победила Партијата на народна власт, сојузник на поранешниот премиер Таксин Шинаватра кој минатата година беше симнат од власт. Партијата сепак не го освоила потребното мнозинство од вкупно 480 пратенички места во Парламентот. На изборите гласале околу 80 проценти од граѓаните, соопшти Централната избона комисија. Партијата на народна власт која ужива подршка во руралните средини, во својата кампања истакна дека ќе го врати Шинаватра во земјата, кој откако беше симнат од власт живее во егзил во Лондон.