Љубљана: Новиот претседател на Словенија Данило Тирк ја презеде должноста

Новиот претседател на Словенија Данило Тирк денеска ја презеде должноста од досегашниот претседател Јанез Дрновшек, една недела пред земјата да го преземе претседавањето со Европската Унија. Тирк кој е трет претседател од осамостојувањето на Словенија положи заклетва на свечена седница што синоќа се одржа во Парламентот.