Багдад: Една ирачка група поврзана со Ал Каеда го потврди убиството на Абу Мајсара

Една ирачка група поврзана со Ал Каеда, преку соопштение објавено на интернет страница, го потврди убиството на Абу Мајсара, висок член на Ал Каеда, кој американските сили соопштија дека го убиле минатиот месец. Абу Мајсара, бил советник на Багдади познат и како Абу Ајуб Ал Масри, наследник на Абу Мусаб Ал Заркави.