Ташкент: Парламентарни избори на кои се очекува победа на актуелниот претседател Ислам Каримов

Во Узбекистан денеска се одржуваат претседателски избори, на кој јасен фаворит е досегашниот претседател Ислам Каримов. Претседателот Каримов, чиј режим е критикуван за нарушување на човековите права, тортура и монтирани процеси, е речиси две децении на власт, а очекува да добие уште еден, трет по ред седум годишен мандат. Неговата победа е сигурна, бидејќи тројцата малку познати противкандидати го поддржуваат актуелниот режим, а сите опозициони партии во земјата се забранети. Организациите за човекови права и опозиционите активисти веќе ги окфалификуваа изборите како нефер и недемократски.