Анкара: Турската армија повторно изведе операција против курдските бунтовници во Северен Ирак

Турската армија вчера бомбардираше цели на курдските бунтовници во Северен Ирак, што е трета прекугранична операција во изминатава недела. Турската армија соопшти дека ќе ги продолжи воените операции на двете страни од турско-ирачката граница, додавајќи дека борците на Курдската работничка партија мора да разберат дека Ирак не е безбедно засолниште за нив. Засега нема информации за евентуални жртви. Американската амбасада во Анкара соопшти дека била информирана за операцијата, но не се дадени повеќе детали.