Париз: Франција ќе го зголеми своето присуство во Авганистан, истакна Николас Саркози

Францускиот претседател Николас Саркози кој денеска беше во ненајавена посета на Авганистан, изјави дека Франција најверојатно ќе го зголеми присуството на своите сили во земјата, за да помогне во обуката на авганистанската армија и полиција. Франција има околу илјада војници во рамки на НАТО силите во Авганистан. Инаку во ненајавена посета на Авганистан денеска допатува и премиерот на Австралија Кевин Руд. Австралискиот премиер вети дека неговата земја ќе помогне во напорите за подобрување на безбедносната состојба и обновата на Авганистан.