Пешавар: Најмалку едно лице е уапсено поради сомневање за учество во вчерашниот бомбашки напад

Пакистанските безбедносни сили соопштија дека најмалку едно лице е уапсено, поради сомневање за учество во вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во една џамија во близина на Пешавар, при што загинаа 50 лица. Лицето било уапсено во областа Чарсада, каде всушност се случи самоубиствениот бомбашки напад.