Лондон: Кралицата Елизабета Втора најстара кралица до сега

Кралицата Елизабета Втора стана најстарата кралица досега, со што го надмина рекордот на кралицата Викторија која живееше осумдесет и една година и осум месеци. Викторија исто така беше британска кралица која најдолго беше на тронот, скоро шеесет и четири години. На Елизабета ќе и требаат уште осум години за да го надмине тој рекорд на нејзината прабаба.