Њујорк: Необврзувачка декларација на ОН за мораториум на смртната казна

Генералното Собрание на Обединетите Нации усвои необврзувачка резолуција со која се повикува на мораториум на смртната казна. Европската Унија беше силен подржувач на оваа резолуција, додека Соединетите ДРжави, Египет, Иран и некои азиски држави гласаа против. Според Амнести Интернешнл, 90 насто од смртните казни во светот се извршени во Кина, Иран, Ирак, Соединетите Држави, Пакистан и Судан.