Скопје: Посета на претседателот на Собранието на Албанија Јозефина Топали Чоба

Во официјална посета на Македонија денеска ќе допатува претседателот на Собранието на Република Албанија Јозефина Топали Чоба. За време на престојот таа ќе се сретне со својот домаќин, претседателот на македонскиот парламент Љубиша Георгиевски, а ќе биде примена и од шефот на државата Бранко Црвенковски.