Косовска Митровица: Митинг на Србите за Косово во состав на Србија

Во северниот дел на етнички поделената Косовска Митровица денеска ќе се одржи митинг на кој Србите ќе укажат дека сакаат да живеат на Косово, во состав на Србија. Протестот ден пред седницата на Советот за Безбедност на Обединетите Нации за извештајот на преговарачката тројка за статусот на Косово се одржува под слоганот Не за независно Косово, не за илегалната мисија на Европската Унија, и Да за Космет во состав на Србија“.